Ни М од Македонија во првиот спот во кампањата на Пендаровски (ВИДЕО)

Нема ни М од Македонија во првиот спот во кампањата на Пендаровски.

Од нејасни причини не се споменува името Македонија во првиот спот на кандидатот за претседател од СДСМ Стево Пендаровски.

Пендаровски во спотот зборува за наши, ваши но ниту еднаш не спомнува ниту Македонија ниту пак Северна Македонија.

Македонија не се споменува ниту во статусот на Пендаровски за видеото.

,,Во мојот втор мандат ќе продолжам да работам со почит и со одговорност кон секој од вас.

Вашата поддршка е многу важна за заедно да создадеме подобра иднина за сите граѓани.

Да продолжиме искрено, чесно и одговорно.

Домаќински, како и до сега”, пишува Пендаровски кој ги користи хаштазите
#НашиотПретседател и #Стево