Најдобриот играч на новиот првак Словенија Горан Драгич ја повтори намерата да ја напушти победничката селекција од Истанбул и веќе да не настапува за својата земја на следните големи настани. Во екот на шампионатот се појавија информации дека НБА плејот од тимот на Мајами се премислил, но тој денеска беше дециден дека титулата значи и крај на неговата репрезенативна кариера.

Во меѓувреме српските медиуми ги обвинија судиите дека со лошото судење ја оштетиле нивната селекција и дека помогнале Словенија да стане шампион. Иницијала за таквата теорија беше изјавата на Милан Мачван дека тие се најдобри, но дека судиите не им дозволиле, што интересно не наиде на поткрепа кај дригите играчи на српската репрезентација.