Ниту во Зоолошка, ниту во Град Скопјe вработените не зеле плата – кој го кочи процесот?!

Вработените во неколку институции сè уште не ги добиле своите плати. Станува збор за вработените во Зоолошката градина и во Град Скопјe кои не добиле ни денар. Станува збор за околи 50 луѓе, кои се жалат на притисоци. Раководителот на Синдикатот на вработените во Зоолошката градина изјави дека тие се без плати од март, а од останаа и без здравствено осигурување.

Во нивна поддршка излезе претседателот на СОНК, Јаким Неделков, кој рече дека покрај вработените во Зоолошката градина, без плати се и вработените во Град Скопјe.

Во реакција преку официјалната веб-страница, директорот на Зоолошката градина, Зоран Попов, го обвини Министерството за култура за проблемот со платите. Според него, тие добиле инструкции од министерството за незаконско пресметување на мартовската плата, што е спротивно на колективниот договор.

Од Министерството за култура и туризам велат дека од Град Скопје ја испратиле документацијата за плати.