Нимиц не открива дали би преговарал за името ако е Македонец

Преговарачот во македонско – грчкиот спор за името Метју Нимиц молчи по повикот на претседателот на „Меѓународното движење за човековите права на Македонците“ (МХРМИ) Бил Николов кој го повика јавно  да се изјасни во врска со преговорите за името како што тоа го сторил во службен разговор со него.

На својот профил на Твитер, Николов побара американскиот дипломат да се изјасни како одговорил на прашањето: „Дали би преговарал за своето име ако е Македонец“?

Го прашав специјалниот пратеник на ОН Метју Нимиц ако си Македонец дали би преговарал за своето име . Мет кажи им на сите, Македонија чека, пишува Николов на твитер по средбата со Нимиц.

 

 

Медијаторот Нимиц кој речиси 25 години е инволвиран во еден од најдолгите дипломатски спорови во модерната историја засега молчи и не одговара на провокациите на Николов, пред се затоа што со било каков одговор ќе ја загрози својата позиција дадена од Обединетите Нации но и преговорите што се водат во рамки на светската организација.

Прозивката на медијаторот од страна на МХРМИ дојде неколку часа откако во Атина грчката страна ја отфрли можноста Македонија да влезе во НАТО со референцата ФИРОМ (читај тука) и еден ден откако долгогодишниот грчки официјален контакт на Нимиц, амбасадорот Александрос Маљас порача која е единствената опција за решение за името прифатлива за грчката страна (читај тука)

Ситуацијата за Нимиц кој најави дека по изборите во Македонија ќе го посети регионот со цел раздвижување на преговорите дополнително се комлицира со однесувањето на Русија која како член на советот за безбедност преку своите медиуми индиректно најавува повлекување од признавањето на уставното име на Македонија. (читај тука)