Специјалниот посредник на ОН денеска даде оптимистичка изјава за средбата со министрите за надворешни работи на Македонија и грција во Виена и оцени дека има „големо напредок“ во разговорите но додаде дека ма „тешки прашања што треба да се решат“.
Тој информираше дека денеска имало средба на делегациите на двете земји околу наједноставните прашања.
„Работиме цел ден многу конструктивно и тоа ни овозможува да бидеме оптимисти во однос на иднината.
Истовремено имаше и паралелен состанок на дипломатски претставници на двете земји за решавање на наједноставните прашања, рече Метју Нимиц кој најави дека средбите ќе продолжат во иднина.
„Има тешки прашања кои треба да бидат решени и треба да се решат, но според мое мислење има голем напредок во голем број прашања и сето ова ќе помогне да се стабилизира регионот. Се надевам дека ќе продолжиме да работиме на таква конструктивна рамка“ рече Медијаторот како што пренесуваат грчки медиуми…
Денеска во Виена Метју Нимиц имаше средба со министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас.