Никој во никој случај не побарал од нас да учествуваме во војната на Русија против Украина. Нема да ги испратиме бугарските војници во крвава војна од сите размери, уверија од собраниската говорница двајца бугарски министри – за одбрана Атанас Запријанов и за надворешни работи Георг Георгиев.
Министрите беа повикани да одговараат на пратенички прашања на барање на ПГ на „Вазраждане“ откако претседателот Румен Радев излезе со обраќање до властодршците да се изјасни за јасен став дали Бугарија испрати војници во Украина.
Самата изјава на претседателот Радев е своевидна реакција на информацијата дека американската администрација испратила прашање до ЕУ и до земјите членки со какви ресурси ќе се вклучат во обезбедувањето мир во Украина.
И Атанас Запријанов и Георг Георгиев повикаа на воздржаност во однос на американската дипломатија и ги повикаа народните избраници да престанат со сите шпекулации за испраќање бугарски војници на фронтот во Украина, јавуваат бугарски медиуми