Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути нема да кривично да одговара за несервисираните „ер трактори“ кои не можеа да се стават во функција за време на големите пожари летото 2021 година.

Обвинителството не нашло елементи за кривично дело ниту за постапките за јавни набавки за поправка и сервисирање на авионите, ниту дека екс директорот на Директцијата несовесно работел.

„Прибраните докази упатуваат на фактот дека постапките за јавните набавки за поправка и сервисирање на авионите во 2020 и 2021 година биле спроведени во согласност со одредбите од Законот за јавните набавки. Во однос на евентуално постоење на кривичното дело Несовесно работење во служба од чл. 353 – в од КЗ предметот беше доставен на надлежност на ОЈО Скопје, каде јавен обвинител утврди дека во дејствијата на пријавениот не се содржани елементи на наведеното кривично дело.“- се вели во соопштението од Обвинтелството.

Пријавата против Максути била поднесена во 2021 година, а причината била што тогаш е што тогашниот директор не обезбедил навремено сервисирање на противпожарните авиони со што институцијата што ја раководеше не успеа во незјината задача да превенира пожари.

Македонија во 2021 се соочи со страотни пожари, а во екот на пожарите, двата ер-трактори останаа надвор од функција, бидејќи не беа сервисирани.

Причината за тоа беа пропаднати тендери, за кои потоа се отворија низа сомнежи и прашања како биле спроведувани.