Новата НБА ѕвезда Никола Јокиќ по подолго размислување се реши да ја прифати поканата на српскиот селектор Александар Ѓорѓевиќ и ќе настапи на кошаркарскиот Евро шампионат што во септември се одржува во 4 земји. Освен членот на Денвер Нагетс кој во сезоната имаше просек од 16,7 поени 9,8 скокови по меч, северниот сосед и еден од кандидатите за златото во тимот од најсилната лига на светот ги има и Марјановиќ (Детроит) и Бјелица(Минесота), но и Теодосиќ , Богдановиќ, Милутинов, Мачван, Калиниќ и седум играчи на Црвена Звезда.
Србите на кошаркарското ЕП тргнуваат во групата Д во Истанбул со Русија, Летонија, Турција, Велика Британија и Белгија.