Македонската машка одбојкарска репрезентација во Скопје го победи и тимот на Шведска со 3-1, и со максимални девет бодови го заврши првиот турнир од Европската лига. Тие според искуството од минатите години можат да бидат доволни за пласман во полуфиналето што заедно со финалето ќе се играат во Данска на 1 и 2 јуни, па и да ги загубиме сите три средби на вториот турнир што од петок до недела се игра во Тирана.

Никола Ѓорѓиев повторно блескаше на Кале против Скандинавците кои ни го одзедоа првиот сет (26-24), но потоа струмичанецот со 27 освоени поени го сврте мечот за 3-1 при што противникот освојуваше (17, 18 и 18) поени.  Со тоа Македонија дојде до максималниот број бодови од натпреварите во Скопје, а зад себе ги остави Албанија (пет бода) која денеска во првиот меч од третиот круг го совлада Азербејџан со 3-1, Шведска со 3 и Азербејџан со 1 бод.

На завршниот турнир во Данска ќе играат двете најдобри селекции од нашата конкуренција, и селекциите на Украина и Данска кои завршија како првопласирани во втората група во која се беше заокружено во овој викенд.