Најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓорѓиев се враќа во Европа и ќе продолжи во една од најсилните и најбогатите лиги на стариот континент, во Полската Плус лига. 28-годишниот струмичанец две сезони блескаше во јапонскиот Тореј Волеј со кој освои две титули во земјата на самураите, но и покрај понудата за останување, и нов поволен договор се реши за враќање.
Ова за Никола Ѓорѓиев ќе биде шести клуб надвор од Македонија зошто пред споменатите два играше и за Раднички Крагуевац, Форли, Мили Пјанго и Париз, и со нив освои вкупно осум трофеи.