Никола Димитров да ги пакува куферите – пораки од Атина

Неколку пати разговарав со Заев, штом владата добие доверба ќе го поканам мојот нов колега во Атина, изјавил денеска грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас по средбата со неговиот хрватски колега Давор Иво Штиер.

За Грција е важно единството, интегритет и стабилноста на северниот сосед  а  решението на името ќе ја олесни иднината на земјата смета Коѕиас, јавува Канал 5.

Грчкиот премиер открива дека повеќе пати разговарал со идниот премиер Заев и дека сака веднаш откако ќе биде избрана новата влада двете земји преку култура на демократски консензус да ги надмине проблемите.