Поранешниот македонски премиер и актуелен лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за Алфа ТВ уште еднаш потврди дека нема намера да се повлече од лидерското место во партијата, но најави дека се подготвува за темелни промени во сите сегменти, па и во раководните тела.

“Целосно ќе се реорганизираме, ќе внесеме нови кадри, ќе ги реорганизираме и нашите месни комитети, но и Извршниот комитет. Ќе се претсруктуираме во секој поглед и ќе бидеме одговорна и силна опозиција која брзо ќе се врати на власт”, рече Груевски за Алфа ТВ.

Груевски вели дека идеално време за кадровски промени е јули и дека новите луѓе ќе донесат нова енергија која ќе му помогне на ВМРО ДПМНЕ да се врати на власт, а потоа и да го продолжи зацртаниот пат на реформи и Евроинтерграции.

Тој не пропушти да се осврне и на делувањето на Специјалното јавно обвинителство. “СЈО е ставено во фунција на СДСМ, во фунција на неговите цели, таму има директна комуникација, и практично што ќе одлучи СДСМ, тоа ќе се пушти, тоа ќе оди во обвинение”, смета Груевски.