Никако не конзумирајте гнили јагоди

Често во овој период од годината по пазарите, пиљарите и дисконтите гледаме и купуваме јагоди кои наизглед се како на слика, и како такви ги купуваме, но веднаш по носењето дома тие го менуваат својот изглед. Еден од најубавите деликатеси во пролетта особено за тие што избегнуваат вештачки шекери често е подложен на гниење, кое за одредени видови, знае да добие и забрзан тек.
Глилежот кај јагодите е причинет од болести, од лошо третирање во текот на зимата и од недоволна изложеност на сонце. Ова растение е под закана од голем број штетници и подложно на многу болести, а во помала мерка може дури и да ги пренесе врз луѓето. Затоа купувајте само цврсти плодови и такви конзумирајте ги, а штом забележите дека покажуваат знаци на гниење веднаш исфрлете ги од употреба.