Не помина барањето на Палчо за изземање судија – судењето продолжува

Барањето на Љупчо Палевски-Палчо, првообвинет во случајот за убиствата на Вања Ќорчевска и Панче Жежовски, за изземање на претседателот на судечкиот совет Ивица Стефановски, кој го води судскиот процес е одбиено.

Ова на почетокот на денешното продолжение на судењето го соопшти судијата Стефановски читајќи го решението на претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев.

Доколку беше прифатено барањето за изземање на судијата Стефановски, судскиот процес ќе требаше да започне од почеток.

Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче, но можно е да стартува одново!?