Првиот македонски репрезентативен напаѓач Илија Несторовски не успеа да погоди во последните мундијалски квалификациски средби со Италија и Лихтенштајн, но затоа со денешните два веќе има шест гола во 11 кола во Серија Б за Палермо. Сицилијанците славеа кај Карпи со 3-1 најмногу по заслуга на прилепчанецот кој даде голови во 10 и 36 минута. Со тоа Палермо е трет во лигата.