„Имаме договор. Јас сум првиот вицепремиер и тоа го објасни и премиерот“, рече во синоќешното гостување на ТВ Телма, Изет Меџити околу изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за „џентлменскиот договор“ постигнат за функцијата прв вицепремиер во владата.

„Точно е дека законски не е регулирано тоа. И во минатото, првиот вицепремиер не бил законски, но тоа е регулирано со Деловникот на владата, во кој е точно утврдено дека постои прв вицепремиер и дека тоа сум јас”, рече Меџити кој воедно е министер заживотна средина.