Два претходни инциденти на косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром имаа исти мотиви, одбивањето да го провери багажот во скенерот, објави „Telegrafi“ повикувајќи се на сознанија на ТВ Алсат.
Мицковски: Направија „драмолетка“ со Вјоса Османи на „Илинден“
Според полициската евиденција до која дојде Алсат косовската страна во септември минатата година одбила да го даде на проверка багажот на претседателката на Косово.
„По доаѓањето до ВИП секторот, меѓу одговорниот за протоколот на делегацијата и службата за безбедност на аеродромот, дошло до недоразбирање бидејќи истиот, повикувајќи се на дипломатскиот имунитет на претседателот, не се согласил личниот багаж на претседателот на Косово да се провери во скенер“, се наведува во записникот од 16.09.2023 година.
Истата ситуација се повторила и на 9 октомври.
Косовската страна тврди дека повикувајќи се на дипломатски имунитет, багажот на претседателката не треба да се проверува.
„Откако стигнале до ВИП-секторот, на одговорното лице за безбедноста на делегацијата и раководството на протоколот (кој тој ден бил лицето Д.М со матичен број 5785) (од косовската делегација) било кажано дека не се согласуваат личниот багаж на претседателот на Косово да биде контролиран од скенер.
Причините за тоа се базираle на дипломатскиот имунитет на претседателот.
Од страна на капетанот на летот и претставник на „Кроација ерлајнс“, повикувајќи се на меѓународните стандарди и националната програма за безбедност, било истакнато дека додека не се дозволи проверка на багажот, лет нема dа има“, се наведува во записникот од дата 09.10.2023 година.
Сличен инцидент се случи на 1 август…