Дали од стресот што го носи фудбалската сезона, од притисокот на јавноста на кој се изложени или само од големите пари кои се слеваат на нивните сметки, но дел од најдобрите играчи на светот повлекуваат навистина чудни одлуки околу дестинациите за одмор. Годинава највпечатлива и убедливо најхрабра е турата на која Нејмар го однесе своите најблиски, синот, сопругата, сестрата и мајката, а тоа е еден од резерватите во Јужно-африканската држава каде напаѓачот на Барселона беше на само чекор од дивите животни.

Чуварите во резерватот секако беа во голем број, а и Нејмар и придружбата не останале без стапови за заштита.

Сликата со слоновите е правена на пристојна оддалеченост од најголемиот цицач на земјата.

На престолот е некако најбезбедно, Нејмар со синот Дави.