Евертон го обновил интересот за нашиот Илија Несторовски кој беше желба на тимот од Гудисон парк уште во текот на летото. А во прашање е совпаѓање бидејќи македонскиот репрезентативец влезе во серија погодоци во Серија Б, има дадено 4 само оваа недела, а Евертон е во голема криза која од почетокот го држи тимот на дното во Премиер лигата. Од Евертон не се споменува сума, но таа ќе мора да биде преку 10 милиони евра за Палермо да го пушти првиот стрелец и капитен.