Македонскиот фудбалски репрезенативец Илија Несторовски со гол против Емполи ја заокружи одличната прва сезона во италијанското Калчо. Тој за 11. погодок во дресот на Палермо стрелаше во 76. минута во триумфот (2-1) против несреќниот Емполи кој загуби на Ренцо Барбера стадионот на Сицилија и испадна.
Палермо се сели во втората лига и тоа се знаеше од претходно, но не се знае следната играчка дестинација на 27. годишниот прилепчанец кој е премногу вреден на пазарот и има премногу заинтересирани екипи за да остане. Дел од нив звучат импресивно: Евертон, Атлетико Мадрид, Севилја, Фиорентина, Милан, Спарта Прага, Трабзон, а сериозни се и парите односно обештетувањето што Палермо ќе го заработи од Несторовски, а кое нема да биде помало од 10 милиони евра.
https://youtu.be/aIZDkqB-2XE