Динамо Загреб е новиот неславен рекордер во фудбалската Лига на шампионите со примените девет гола во поразот од 9:2 на гостувањето кај Баерн Минхен на стартот од сезоната во елитното клупско натпреварување.

Досега Барселона имаше примено осум гола на еден натпревар, кој исто така го доби Баерн со 8:2 пред четири години, Монако го победи Депортиво со 8:3 во сезоната 2003/04, Реал го декласира Малме со 8:0 во 2015 година, а Ливерпул во 2007 година со таков резултат го понижи Бешикташ.

Ова е и најтежок пораз во историјата на хрватскиот првак, за кој настапуваат поранешните македонски репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

По првите 45 минути на „Алијанц арена“ беше 3:0 за Баварците, но со два експресни гола на истекот од првиот час игра „модрите“ се заканија со целосен резултатски приклучок, пред тоа да го разлути домаќинот, кој до крајот на натпреварот до врв да ја наполни мрежата на загрепчани.

Четири гола за Баерн постигна Кејн, три од нив од пенал, два пати беше прецизен Олисе и по еднаш Гереиро, Сане и Горецка, а за Динамо погодија Петковиќ и Огивара.

Ристовски го одигра целиот меч и доби жолт картон за приговор кај судијата за едн од пеналите, а во последните 12 минути заигра и Адеми.