На СДСМ не му оди со промотивните настапи пред претстојните претседателски и парламентарни избори, на кои еден гаф му го отстапува местото на друг.

Откако од владејачката партија му го утнаа презимето на лидерот Димитар Ковачевски, испуштајќи му ја буквата „в“ на видеоѕидот зад него, сега отидоа чекор понапред, па коносителот на листата во шестата изборна единица Агрон Демири го направија – Аргон?!

Небаре станува збор за хемискиот елемент од периодниот систем, кој припаѓа на благородните гасови, а не за вториот на листата на СДСМ и коалицијата чиј предводник во „шестката“ е министерката за одбрана Славјанка Петровска…