Неодговорен овчар ставил во опасност десетици македонски граѓани за да ги нахрани своите овци.
Овчарот кој лесно се распознава на видеото вчера предизвикал прекин на сообраќајот на патот Маврово – Дебар со што довел во опасност десетици патници на овој магистрален патен правец.
Од видеото снимено од патници намерници се гледа дека овчарот паркирал возило на опасна кривина додека неговите овци пасат покрај патот.
Возилото кое има сигнални уреди и чија регистрација е јасно видлива е паркирано на спротивниот коловоз.
На патот според видеото нема поставена никаква сигнализација за прекин на сообраќајот а овчарот мирно пушти цигара додека од спротивен правец може да дојде возило и да се случи трагедија.
Возачи кои минувале по патот велат дека и да сакал некој од патниците да реагира нема да смеел поради трите кучиња кои го придружуваше овчарот и стадото.
Видеото во линкот