Четири дена се трага по 60-годишниот стружанец, кој во неделата е пријавен за исчезнат откако отишол да бере печурки, а во охридско-струшкиот регион и натаму нема трага од белгискиот турист. Последно што се знае е дека тој се упатил да бере печурки кон селото Брчево и не се вратил дома. Во полициската станица го пријавил неговиот брат откако неможел да воспостави контакт со него.
Ваквите случаеви на исчезнати лица се во подем, сметаат од планинарската спасителна служба при Црвен Крст од Охрид. Од таму бараат посистематски и потемелно да се работи на технолошките подобрувања на системот за цивилна заштита, бидејќи посотојат современи системи кои и онаму каде нема достапност на мобилна мрежа да можат да го лоцираат мобилниот телефон.
Во ваквите случаи потрагите можат да траат со денови местото каде е исчезнат стружанецот е комплициран планински терен со густа вегетација и многу тешко прооден и за луѓе кои пешки пристапуваат, велат претставници од службата.
Од 18 септември исчезна белгиски турист кој имал во план да планинари во охридско струшкиот регион кон Албанија .И покрај темелното пребарување сеуште не е пронајдена ниту една трага од исчезнатиот странец.