Владејачкото мнозинство гласаше против организирање јавна расправа за Законот за јазиците што беше предложена од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Претенникот Илија Димовски денес побарал од колегигте пратеници на СДСМ да биде организирана јавна расправа, бидејќи таа беше ветувана во првото собраниско читање по предлог-законот.
Тој укажа на чувствителноста и важноста на овој предлог-закон кој предизвика бројни реакции кај македонската јавност, пренесува Нет-прес
Поднесени се 90 амандмани на предлог-законот за јазиците до Комисијата за европски прашања во Собранието. Најмногу, 84 амандмани се од ВМРО-ДПМНЕ, 4 од СДСМ и 2 од Движењето БЕСА.