Од понеделник, 11.03.2024 година започнува нов процес за издавање на лични карти во просториите на надлежните полициските станици според место на живеење на граѓанинот наведено во личната карта.

Секој граѓанин, ќе може да оди во било кој период од денот, секој ден од неделата, со цел да си ја подигне готовата лична карта, соопштија од МВР.

„Анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на град Скопје, доведе до заклучок дека истата е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои беа задолжени за достава“, велат од МВР.