Иако сме само на половина од годината веќе го имаме најинвентивниот спортски транспарент за 2017.година. Тој е дело на навивач на Манчестер Јунајтед кој синоќа на Френдс арената во Солна, му порача на својот миленик, повредениот Златан Ибрахимовиќ дека ќе му ја даде сопругата ако овој остане на Олд Трафорд.
Златан кој во Шведска беше поздравен со овации од двете навивачки армии, по мечот дојде до транспарентот и се сликаше, што предизвика одушевување кај гледачите. За сега нема потврда дека навивачот навистина мислеше на овој начин да го дарува Ибра.