Нелогично е да има цигари во минималната кошничка, затоа се потребни измени, вели премиерот

Јас во јануари не пробав ниту диња, лубеница, грозје, цреши, кајсии и праски. Не испив 250 грама лименка нескафе и не пушев цигари“, вели премиерот Христијан Мицкоски, кој бара поинаква пресметка на минималната кошница. Тој смета дека треба да се интервенира во методологијата за пресметка на минималната потрошувачка кошничка, но и дека во нејзината подготовка треба да бидат вклучени сите засегнати страни.

Вели дека некои производи во сегашната минимална кошничка му се чудни, посочувајќи дека не е логично во неа да има цигари и оти тој во јануари не пробал цреши, праски, дињи или лубеница.

  • За време на вчерашниот состанок на Економско-социјалниот совет беа присутни повеќе претставници од повеќе синдикати и од работодавачите. Владата е фасилитатор во тој процес и гледате дека не се криеме, сакаме да бидеме транспарентни и да одговараме на сите прашања. Ја добив таа методологија и ја читав. Забележав таму многу работи и ми делуваа многу чудно. Јас во месец јануари дел од тие производи не ги пробав, како што се диња, лубеница, грозје, цреши, кајсии, праски, не испив 250 грама лименка нескафе, не пушам цигари, а таму се вклучени цигарите. Малку е нелогично да има цигари во минимална кошничка“, рече тој.

Посочи дека за да не бидат тие оние што ќе го натсинхронизираат она што е работено од Синдикатот, а оценувано од страна на двајца поранешни министри на СДСМ, Никола Поповски и Драган Тевдовски, сметале дека е подобро да се вклучат сите страни и заедно да ја формираат минималната потрошувачка кошничка, а цените да не бидат од еден од поексклузивните марки на супермаркети, бидејќи е минимална кошничка и од тие што се со поскромни цени да се избере средина и така да се пресметува минималната потрошувачка кошничка.

  • Можеби ќе биде поголема од оваа што е сега, можеби помала, но да не претпоставуваме, треба да се организираме да создадеме методологија и врз основа на неа да креираме политика“, вели премиерот.

За таа цел, смета дека треба да има интервенција во методологијата на минималната кошничка, врз основа на објективни параметри, со земање предвид на поскромни цени, а не со тие во поексклузивните супермаркети.