Некогашна терористка на РАФ живее и работи во Скопје

Зилке Маер-Вит, некогашна членка на терористичката организација „Фракција на Црвената армија“ (РАФ), која изврши серија напади и убиства во Германија меѓу 1973 и 1995 година, денес живее и работи во Скопје.

„Живеам сама во Скопје, Македонија, каде што пишувам магистерски труд за историјата на Балканот“, рече 67-годишната ударна тупаница на озлогласената група позната и како „Бадер-Мајнхоф“ пред повеќе од сто посетители на дебатата во Музејот на Германска Демократска Република во Берлин.

Маер-Вит била вмешана во киднапирањето и ликвидацијата на германскиот индустријалец Ханс Мартин Шлеер во 1977 година, кога биле убиени и неговиот возач, како и тројца полицајци што го заштитувале. По атентатот таа пребегала во тогашна ДРГ, но во 1990 година била откриена и следната година осудена на десет години затвор, за во 1995 година да биде ослободена предвреме.