Невладините се чудат на одлуката на судот да го поништи конзерваторско мислење за градба на зградата кај Воена

Што одлучил Управен суд за 17-катницата кај стара Воена Болница од судот не откриваат додека одлуката не ја добијат и двете странки. Општина Карпош, која не е странка, уште вечера објави дека  Управен го поништил второто негативно конзерваторско мислење и дека дозволата за градба е законски издадена. Телма стапи во контакт и со инвеститорот кој тужеше и тужениот, скопски Конзерваторски центар. Од Конзерваторски велат дека сè уште не ја добиле пресудата и за одлуката разбрале од медиумите. Бизнисменот Фатмир Етеми од ЗСФ КОМ, еден од двајцата инвеститори, потврди дека тужбата им е усвоена и дека општината од нив дознала за одлуката.

  • Ние ја добивме пресудата и преку нашите адвокати им ја пративме на Општина Карпош за да ги известиме дека одлуката е конечна и дека постапката е завршена, затоа што ни се прави негативен публицитет и штета. Ќе ги тужиме претставничките на невладината и ќе бараме надомест на штета“, рече Етеми.

А советничката група „Независни за Карпош“ и кои се дел и од невладината „О2“ кои неколку години ги алармираат институциите за градбата во близина на болнички комплекс, најавуваат дека по одлуката на Управен нема да се откажат и ќе одлучат кои следни чекори ќе ги преземат. Во отсуство на објавена пресуда го коментриаат она што го сподели општината и прашуваат како може незаконско конзерваторско мислење да остане во сила, а да биде поништено законското.

  • Проблематично е нивното толкување на пресудата во кое вели, по едно барање не може да има две различни решенија. Ние не велиме дека треба да има две различни решенија, но првото позитивно мислење на Конзерватроскиот центар.е поништено затоа што е незаконско. Како Управниот суд заклучува дека има правна несигурност кога го поништува решението кое е според законските норми, а го остава првото што е незаконски донесено и зборува за правна несигурност, не ми е јасно. Чудна е таа логика на одлуката, доколку е таква“, вели Татјана Стојановска од „Независни за Карпош“.  

Стојановска истакнува и дека ДКСК во минатиот состав испратила иницијатива до обвинителство, токму за позитивното конзерваторско мислење.