НБА: Леброн како фурија, Кливленд лесно во Бостон

Две сали ноќеска беа преполни иако се играше само во ТД Гарден. Кливленд го победи Бостон со 117-104 и поведе во финалето на источната конференција во НБА, а сето тоа, со платени влезници и во живо, го гледаа и во неговата преполна Квикен лоунс арена.

Навивачите на Кавси и имаа што да видат. Леброн Џејмс даде 15 од своите 38 поени уште во првата четвртина по што гостите поведоа со 11 разлика. До полувремето и Кевин Лав постигна 22 од вкупно 32 коша, а Кливленд имаше 61-39 по што Селтикси не успеаја да се вратат. Со овој резултат Кливленд кој во разигрувањето до сега има 9-0 прави предност во серијата која продолжува в сабота наутро на истото место.