На 94 години, американскиот милијардер Ворен Бафет реши оди во пензиија

 

Ворен Бафет, 94, одлучи да се повлече од функцијата извршен директор на инвестицискиот фонд „Беркшир Хатавеј“, позиција на која беше речиси 60 години.

Милијардерот изјави дека ќе се повлече до крајот на оваа година, а негов наследник ќе биде 62-годишниот Грег Ејбл, еден од клучните менаџери и близок соработник.

Според „Асошиејтед Прес“, најавата на Бафет била неочекувана и предизвикала возбуда. Бафет останува акционер во фондот.

Во инвестициските кругови, Бафет долго време е нарекуван „волшебник од Омаха“ поради неговите долгогодишни успеси на финансискиот пазар.

Во пресрет на претседателските избори во САД, фондот на Бафет почна да се разделува со акции на големи американски компании за готовина.

Портфолиото на „Беркшир Хатавеј“ ги вклучува осигурителната компанија „Геико“, железничката компанија „БНСФ“, синџирот за брза храна „Дејри Квин“ и производителот на батерии „Дурасел“, како и удели во „Епл“ и „Кока-Кола“.

„Беркшир“ започна како мала текстилна компанија што Бафет ја купи во 1960-тите, кога таа беше губитнички бизнис. Наместо да ја спаси како продуцент, тој ја искористи компанијата како инвестициски инструмент – нешто што засекогаш ќе го промени нејзиниот тек. Пазарната вредност на компанијата е 800 милијарди долари.