Тоа што е родена во далечната 1937 година не е пречка Докија Андоновска да го води орото на втор ден Водици во дебарското село Долно Мелничани.
Да се биде домаќин на светиот крст цела година до идната година во исто време за Докија е предизвик и мотив што и дава сила да биде ороводец на денот кој во овој крај е еден од најважните празници.
Придружувана од топаните и зурлите на Мајовците и своите најблиски роднини, пријатели и соселани тетка Докија гордо игра на чело на орото на втор ден Водици во питорескното село Долно Мелничани каде Водици се слави со векови.
Видеото преземено од групата на Фејсбук Мелничани на овој линк