Индискиот бизнисмен Субрата Рој кого што владата во заминување го најавуваше како голем инвеститор во Македонија повторно може да заврши в затвор ако наскоро не започне да ги подмирува своите финансиски обврски.
Според одлуката на индискиот врховен суд Субрата Рој треба на своите финансиери да им исплати околу 232 милиони долари до средината на јуни 2019 година ако сака да избегне повторно протворање без право на кауција.
Според одлуката на судот во Њу Делхи Субрата добил продолжување на условната казна но само доколку продолжи да ги исплаќа своите долгови согласно планот подготвен од судот.