На прашањето на новинар во интервју дали ако живее во Македонија и каже дека е Бугарин ќе има проблем и има ли проблем да биде вработен во државната администрација, македонскиот премиер Зоран Заев увери дека немало да има апсолутно никаков проблем.
Според Заев, Бугари има на сите нивоа во неговата партија Социјалдемократски сојуз на Македонија и на сите нивоа во државната администрација на Македонија.
Македонскиот премиер во интервјуто за бугарската телевизија бТВ увери дека многу работи се промениле откако тој стана премиер на Македонија. Најважната промена, според неговите зборови, е слободата и почитувањето на човековите права.
Тој увери дека во следниот попис на населението во Македонија ќе има графа „Бугари“.
Заев најави дека до крајот на годинава ќе биде ратификуван Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија потпишан на 1 август.