На пукачи за албанското знаме им се заканува од 1 до 5 години затвор за предизвикување на општа опасност (ВИДЕО)

На двајца луѓе кои вчера биле на прославата на албанското знаме им се заканува од 1 до 5 години затвор за предизвикување на општа опасност.

Од објавеното видео на социјалните мрежи се гледа дека во еден момент додека собраната толпа извикува пораки со говор на омраза кон Србите двајца присутни пукаат во воздух со пиштоли.

Со тоа тие сториле кривично дело предизвикување на општа опасност.

Според членот 288 од кривичниот законик двете лица можат да добијат казна од една до 5 години затвор затоа што делото според став три од истиот член го сториле пред поголема група луѓе.

Пукачите со пукање во воздух при што куршумите се враќаат во толпата од која што пукаат или во близина можеле да убијат или повредат граѓани со што сториле тешко кривично дело.

Во Македонија годишно гинат или се радуваат десетина луѓе од куршуми истрелани на свадби или други семејни веселби и забави.

Двајцата пукачи јасно се гледаат на видеото на линкот а полицијата која има законска обврска да ги снима ваквите ризични настани би требало да ги регистрирала овие лица кои ги довеле во опасност и своите другари и сите граѓани.

Предходно министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека се уапсени 8 луѓе за вчерашните инциденти но не е јасно дали меѓу нив се и пукачите од Тетово.

Видеото на линкот

https://x.com/iamkindpersonnn/status/1862455673822294271?t=DtzKS7_w05EBzJU2yVEP1w&s=19