Грчките медиуми јавуваат и за жртва на вчерашниот протест во Атина против тоа зборот „Македонија“ да биде содржан во името на северниот сосед.
Според информацијата, станува збор за 72-годишен маж, кој одненадеш се онесвестил и се струполил на земја пред очите на своите пријатели. Со амбулантно возило тој веднаш бил префрлен в болница, каде што починал, и покрај напорите на докторите да му го спасат животот.
За човекот се известува дека бил член на локален огранок на политичка партија од предградието на Пиреја, Керацини. На протестот заминал со други членови на партијата.
Мажот, наводно, веќе извесен период имал проблеми со срцето.