На Коѕиас не му се оди во МНР, преферира средба во хотел

Хотел или грчката канцеларија за врски биле двете опции за средбата меѓу грчкиот министер Никос Коѕиас и неговиот македонски колега Никола Димитров на кои инсистирала грчката делегација пред посетата на Скопје.

Причината е банална, адресата на седиштето на македонската дипломатија.

Откако Коѕиас не дојде со авион за да го избегне аеродромот Александар Велики чие име за Грција е провокација од страна на Македонија Коѕиас и неговиот кабинет сега имаат проблем и со Филип Втори Македонски или „Boulevard Phillip the Second of Macedon“ на англиски јазик, како што гласи официјалната адреса на Министерството за надворешни работи.

Адресата на македонското МНР , барем јавно, не беше проблем за Коѕиас кој во март оваа година се сретна во Скопје со неговиот тогашен домаќин екс министерот Никола Попоски.

Коѕиас дури и да успее да го убеди Димитров да се сретнат на локација која што нема никаква врска со античките херои кои што Грција ги смета како исклучиво свои нема да може да го избегне шмекот на антиката затоа што во Скопје ќе мора да влезе преку булеварот Александар Македонски.

Освен ако не инсистира дипломатската делегација до средбите во Скопје да пристигне преку споредни патишта низ скопските села и приградски населби.