На заминување Бајден спрема пакет од 725 милиони долари помош за Украина

Администрацијата на актуелниот американскиот претседател подготвува пакет оружје за Украина во вредност од 725 милиони долари, изјавија двајца американски претставници, додека претседателот во заминување се обидува да ја зајакне владата во Киев пред да ја напушти функцијата во јануари.

Според официјален претставник запознаен со планот, администрацијата на Бајден планира да обезбеди различни противтенковски системи од американските резерви за да го запре напредувањето на руските трупи, вклучувајќи мини, беспилотни летала, ракети Стингер и муниција за ракетниот систем HIMARS, објави Ројтерс.

Пакетот, исто така, се очекува да вклучува касетна муниција што вообичаено се наоѓа во ракетите со водени повеќекратно лансирање (GMLRS) истрелани од фрлачите на HIMARS, се вели во известувањето што го видел Ројтерс.

Официјалното известување за пакетот оружје до Конгресот би можело да дојде уште во понеделник, рече еден официјален претставник. Содржината и големината на пакетот би можеле да се променат во наредните денови пред очекуваниот потпис на Бајден.

Бајден има околу 4 до 5 милијарди долари веќе одобрени од Конгресот, што се очекува да бидат искористени пред новоизбраниот републикански претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата на 20 јануари.