„На две столици не може да седиме“: Таравари се’ уште не решил дали ќе истапи од владата

Дали ќе се оди на предвремени парламентарни избори заедно со локалните во октомври, ексклузивно зависи од ВМРО-ДПМНЕ, изјави вчера лидерот на крилото на Алијанса за Албанците кое е дел од власта, и министер за здравство, Арбен Таравари.

„Ако тие одлучат така, тогаш мора да се оди на избори. Начелно сметам дека прво треба да има локални, а идната година предвремени парламентарни“,вели Таравари.

Сепак, додаде дека ако се дојде до ситуација да имаме двојни избори, тогаш ќе се подготвуваат и ќе дадат максимум за добри резултати, пренесе 360 степени.

За разговорите со премиерот Христијан Мицкоски, додаде дека поминале во конструктивна атмосфера, како и дека сѐ уште не е решено дали ќе истапи од Владата.

„На две столици не можеме да седиме. Пред два дена имав конструктивен разговор со премиерот Мицкоски, на кој тој кажа што мисли и јас кажав што мислам. Останавмее на став да продолжиме со разговорите“, информираше Таравари.