Прекрасната и откако е мајка, рускиот Топ модел изгледаше заносно и во лежерно издание, а за семејната прошетка по филмскиот дел од ЛА облече цврст црн фустан со нејзините трендовски црни војнички чевли и фланелната кошула врзана околу половината. Нејзиниот сопруг, популарниот актер не е предмет на модна анализа, но затоа ја имаше преубавата обврска да ја носи својата ќерка.
Познатата двојка речиси никогаш не ги открива деталите за приватниот живот во јавноста, а има и ретки моменти кога нивната петмесечна ќерка Ли може да се види, но од тоа малку видено, многумина веќе го нарекуваат најубавото дете на Холивуд.
Откако станаа родители на малата Ли, Ирина Шајк и Бредли Купер ја задржаа својата интимност далеку од очите на јавноста, а познатиот актер има многу деловни обврски, како промоција на филмовите „Avengers Infinity War“ и „A Star is Born“ во кој игра со Лејди Гага.