Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, соопшти дека 87 лица загинале, а 158 други се повредени во изминатите 24 часа во израелски напади на северот од Појасот Газа, јавува Би-Би-Си.
Oткако Израел ја започна својата воена офанзива во Газа од 7 октомври минатата година, nајмалку 42.603 Палестинци се убиени, а 99.795 други се повредени, објавија палестинските здравствени власти.
Специјалниот координатор на ОН за мировниот процес на Блискиот Исток вели дека „никаде не е безбедно во Газа“.
Во изјавата, Тор Венесланд додава дека „кошмарот во Газа се засилува“ и војната на територијата „мора да престане сега“.
Израел соопшти дека ги проверува извештаите за жртвите од последните напади, но смета дека бројките објавени од властите на Хамас се „претерани“ и не се совпаѓаат со информациите што ги има израелската војска.