Најмалку пет загинати во пожарите во Лос Анџелес

Во пожарите што го зафатија Лос Анџелес загинаа најмалку пет лица, а уништени се стотици домови.

Штетата од пожарите во Лос Анџелес се проценува на 52-57 милијарди долари

Медиуми јавуваат дека се исцрпениа ресурсите за гаснење пожари и резервите на вода, бидејќи на повеќе од 100.000 луѓе им беше наредено да се евакуираат.

Почна да гори и во Холивуд Хилс.

„Бројот на загинати од шумските пожари што беснеат околу Лос Анџелес се искачи на најмалку пет и може да биде поголем“, изјави шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Луна, за KNX News Radio.

Силните ветрови ги отежнуваат операциите за гаснење на пожарите и ги подгреваат пожарите, кои горат со несмалено темпо од нивното избувнување.

„Имаме работа со природна катастрофа од историски размери. И мислам дека тоа не може да се каже доволно силно“, рече Кевин Мекгован, директор за управување со вонредни состојби за округот Лос Анџелес, на прес-конференција.