Чили лутите пиперки се популарни благодарение на својот зачинет вкус кој е неопходен дел на многу јадења и сосови. Лутиот вкус се должи на една посебна состојка наречена капсаицин. Што повеќе капсаицин во пиперката, толку е таа полута.
Капсаицинот не само што им дава лутина на пиперките, туку има и особени лековити својства од кои се прават некои од најздравите видови храна во светот. Еве ги придобивките од косумирање на чили лути пиперчиња.
Делува анти-воспалително
Благодарение на капсаицинот, чили лутото пиперче, има анти-воспалителни својства. Kапсаицинот делува силно на супстанцијата P, која е поврзана со воспалителни процеси во телото. Редовна доза на чили може да послужи како одлична превенција од артритис.
Спречува болки
Најновите истражувања потврдуваат дека чилито ефикасно ја намалува болката предизвикана од артритис, псоријаза и дијабетична невропатија.
Кардиоваскуларни заболувања
Докажано е дека чили лутите пиперки го намалуваат холестеролот и триглицеридите при што се спречува и згрутчување на крвта. Културите кај кои широко се применува чили имаат многу помал процент од срцеви заболувања, мозочен удар и тромбоза.
Подобрување на имунитетот
Светло црвената боја на чили пиперките сведочи за висока содржина на бета-каротин, или про-витамин А. Само неколку лажички чили на ден ден му дава на телото дополнителна доза на витамин Ц и А, кои се од суштинско значење во спречувањето на инфекциите.