Радомир Новаковиќ Цакан е сопственик на продавници за спортска опрема во Бар и во неколку други места низ Црна Гора, и деновиве е во центарот на вниманието заради фактот дека на своите вработени им дава огромни плати, им купува возила и ги испраќа на одмори. Но одморите не се обични, туку дестинации од типот на Сајшели, Бахами и Малдиви.
“Парите доаѓат и си заминуваат. Спомените остануваат за навек”, вели Цакан кој признава дека сето што го прави е по замислите на неговата баба Анка која од помлад го учела дека треба несебично да споделува, да дава колку може.

Радомир Новаковиќ има фирма која не е преголема, но тие што работат кај него се презадоволни. На некои има дава пари, на други им купил автомобили, и тоа Голфови 6, а некои добиле подароци во форма на патувања по светот. Тој инаку е и функционер во општината Бар каде сограѓаните го глорификуваат и сметаат дека треба да биде следниот претседател на Црна Гора. А како и да не мислат така кога Радомир се уште не зел ни банка од општинската каса и сите до сега заработени пари, а станува збор за 13.750 евра ги насочил кон во хуманитарни цели.