Олимписката шампионка од Рио во маратон и победничка од познатата трка во Лондон во истата дисциплина, Џемима Сумсонг заработи 4 годишна суспензија откако беше потврдено дека практикувала крвен допинг. Кај 32 годишната Кенијка пронајден е еритропоетин што не и остави многу простор на Интернационалната атлетска федерација која ја елиминира, веројатно за сите времиња, најдобрата маратонка во последните години. Златото од Рио сега оди кај Јунис Кирва од Бахреин.