На сета еуфорија денеска кога Вардаровите ракометари ја донесоа титулата од Лигата на шампионите, и на сите скандирања, песни, аплаузи, потегот на денот беше во изведба на возачот на камионот кој падна, пропадна во фонтаната на Плоштадот Македонија во Скопје каде се беше подготвено за дочек на континенталните прваци.

По тешки маки и со сесрдна помош од повеќемина, машината беше извлечена, а мајсторот заслужено беше громогласно поздравен од присутните.

За штетата што ја направи камионот на Комунална хигиена со пропаѓањето во дупка нема ни првична проценка, но нема да биде мала, со оглед на цената на чинење при поставувањето на фонтаната, 2 и пол милиони евра.