4. јуни 2017. година станува најсветол ден од поновата историја за македонскиот спорт и воопшто за македонската држава по триумфот на ракометарите на Вардар против ПСЖ од 24-23 во финалето на Лигата на шампионите. Иван Чупиќ е стрелец на голот во последната секунда по незапамтената спортска драма во Ланксес арената во која Вардар беше подобар за таа една мала нијанса од големиот фаворит, од претставникот на најголемата ракометна нација која доминираше во сите светски натпревари во годините зад нас, но не успеа денеска да биде подобар, да го совлада храбриот, срчаниот, инспирираниот Вардар.
А се навестуваше дека може да дојде до ваков расплет. Вардар имаше 5-2 и 7-4 во првиот дел кој, по падот и негативата на полувреме (12-11) успеа во вториот дел одново да се одвои со водството од 20-17 на прагот од 50. минута и уште повеќе со 23-21 во 55.минута. ПСЖ се врати со одбрани на Омејер (вкупно 12), и изедначи на 23-23, но потоа на сцена стапи тренерот Раул Гонзалез кој ги постави последните 7 секунди за чиста ситуација за Чупиќ која успеа да погоди за величенствен триумф.
Во неверојатно квалитетниот состав на Вардар денеска одново најдобaр Арпад Штербик со 12 одбрани, а најефикасен Тимур Дибиров со 7 гола.