Хокеарите на Питсбург Пингвинс пред три дена го победија Нешвил (4-2) во финалето на НХЛ и го освоија Стенли купот. Жителите на градот и на државата Пенсилванија ги почекаа своите херои и им организираа незаборавна прослава во која според медиумите во САД учествувале 650 илјади луѓе.
Импресивно нема збор, но не помалку важно е што во прославата учествуваа и преку 100 бендови, танцови и актерски трупи, и музички групи. Сите тие беа во делириум кога MVP на финалето Сидни Крозби и капитенот Марк Андре Флери го донесоа пехарот.
https://youtu.be/YIAzkyNspTw