Националниот парк „Пелистер“ се наоѓа меѓу Преспанската Котлина и котлината Пелагонија. Тое е првиот национален парк на територија на Република Македонија. За национален парк е прогласен уште во 1947. година. Површината на овој национален парк изнесува 10.400 хектари. Тој опфаќа дел од планината Баба со највисокиот врв Пелистер, а со височина од над 2.000 метри познати се уште некои други врвови на оваа планина. И покрај тоа што зафаќа вака висок планински простор, овој национален парк е доста пристапен, а од Битола до неговиот локалитет Копанки има околу 15 км.


Природните вредности на овој планински простор се мошне интересни и карактеристични. Тоа се однесува на геолошките, геоморфолошките, климатските, хидрографските, какои на биогеографските особини.
Климатските услови на Пелистер се мошне погодни. Климата се одликува со умереност како во зимскиот дел од годината така и во летниот период.
На оваа планина растат околу 88 дрвенати растенија, кои се класификувани во 23 фамилии, што претставуваат 29 проценти од вкупната дендрофлора во Република Македонија.

Моликата претставува најзастапена, најраширена и најначајна растителна форма во националниот парк Пелистер. Се работи за мошне убава шума која има изворедни рекреативни својства, но и шума која има ендемски карактер и во таа смисла изразити кириозитетни атрактивни туристички својства. Моликата е всушност автохтон петолистен бор со терциерна старост.